Убавините на Охрид и Македонија претставени на Саемот за туризам во Мадрид

Мадрид, 22. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) оваа година за прв пат учествува на Саемот за туризам во Мадрид, Шпанија, кој се оддржува по јубилеен 40-ти пат.

– На саемот каде има над 10.000 егзибитори од 165 земји, АППТ туристичкиот потенцијал го претставува заедно со 4 ко-егзибитори – Balkan Prime Tours, MacSun-Travel од Скопје Bohemia Touring и Macedonia, на Интернационалниот саем на кој акцентот е ставен на бизнис заедницата која ја претставуваат околу 140 илјади професионалци, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Image may contain: one or more people and people standing

Додаваат дека одлуката за да се отвори овој пазар следи по неверојатниот пораст согласно месец ноември 2019 година од 60,9% во споредба со истиот период лани и 55,1% пораст во бројот на ноќевања за истиот период. (Крај)

извор: АППТ фото: АППТ