Со „Балканска 3а/2“ започнува годинашната тетарска сезона на Охридскиот театар

Охрид, 23. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Со претставата „Балканска 3а/2“ охридскиот народен театар утревечер ќе ја започне овогодинашната театарска сезона.

Претставата е работена по текст на Дејан Дуковски, во режија на Ана Батева.

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие. Станува збор за  трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење. Претставата воедно е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Фотографија на НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска и Филип Кипроски.

Претставата ќе се одигра на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива