Кривична за жител на Лескоец кој физички го нападнал малолетниот син

Охрид, 23. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „телесна повреда“ и „неизвршување на судска одлука“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 52-годишниот Б.С. од охридското село Лескоец.

– На 17-ти декември 2019 година, во семејниот дом, каде, непочитувајќи го решението од Основниот суд Охрид со изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство, тој физички го нападнал неговиот малолетен син. Притоа, малолетникот се здобил со повреди кои му биле санирани во Општата болница во Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива