Протести ширум Франција: Затворена Ајфеловата кула, Лувр и Версај

Париз, 24. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Активисти на синдикатите се собраа во источниот дел на Париз од каде почнаа протестен марш.

Во очекување француската Влада денеска да го претстави предлог-законот за реформи на пензискиот систем, синдикатите го продолжуваат штрајкот низ целата земја, но во помал број од претходно.

Активисти на синдикатите се собраа во источниот дел на Париз од каде почнаа протестен марш.

Денеска нема да работи Ајфеловата кула, а музејот Лувр и дворецот Версај ги предупредија посетителите дека е можен прекин во работата.

Патниците 50-ти ден по ред и денеска се соочуваат со проблеми во сообраќајот на регионалните возови и метрото во Париз. Штрајкуваат и некои училишта и други јавни служби. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива