Нелегален транспорт на огревно дрво, извршителите избегале од полицијата

Струга, 24. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Вчера околу 14:00 часот, во атарот на струшкото село Делогожда, полициски службеници забележале патнички џип марка „Галопер“ со швајцарски регистарски ознаки во кој, две лица вршеле нелегален транспорт на огревно дрво.

Истите избегале и го оставиле возилото на локалниот пат, а по извршениот увид констатирано е дека во него има околу 2 метри просторни бесправно пресечено буково огревно дрво.

Возилото е одземено за вештачење и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива