Бурхан Алији петто засилување на ГФК Охрид Лихнидос

Охрид, 24. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот во зимскиот преоден рок, Бурхан Алији, ги засили редовите на ГФК Охрид Лихнидос.

Искусниот фудбалер кој доаѓа од екипата на Велазерими од Кичево стави потпис за соработка со „сино белото“ друштво.

Фотографија на ГФК Охрид Лихнидос.

По Ујкан Муча, Раиф Мирселоски, Дарко Симјаноски и Александар Василев, Алији е петто засилување за охридскиот клуб во зимскиот преоден рок.

Есенскиот дел од првенството во Втората лига – Запад, ГФК Охрид Лихнидос го заврши на деветтото, претпоследно место на табелата.

Подготовките за новата полусезона се во тек. Клубот на чело со Бочески ќе има задача да го подобри впечатокот во пролетниот дел и да обезбедат опстанок во Втората лига. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос