Ребиќ е „џокерот“ на Милан, „росонерите“ со три победи во низа!

Бреша, 25. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Анте Ребиќ е на добар пат да стане херој на фановите на Милан во оваа мачна сезона за „росонерите“, откако втор натпревар во низа влегува од клупата и го постигнува победничкиот гол за својот тим.

Откако претходно против Удинезе на „Сан Сиро“ постигна два гола (од кој едниот во последните секунди од мечот) за 3:2 победа, овојпат на ближното гостување во Бреша, Стефано Пиоли го пушти Хрватот на местото на Рафаел Леао во 58. минута, за тој да одговори со победнички гол во 71. минута од мечот.

Ова е трет триумф во низа на Милан, со кој се искачуваат на шестото место на табелата со 31 поен, седум поени од местото кое води во Лигата на шампионите. Бреша се претпоследни со 15 поени, еден повеќе од последнопласираниот тим на Џенова.

извор: Топспорт фото: архива