Надал го збриша Карено-Буста, елиминација на втората носителка Плишкова

Мелбурн, 25. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Рафаел Надал со лесна и убедлива победа над сонародникот Пабло Карено-Буста стигна од осминафиналето на Австралија опен.

Шпанскиот тенисер славеше со 6-1, 6-2 и 6-4, а неговиот сервис функционираше беспрекорно. Карено-Буста успеа да освои само пет поени на „ритерн“. Надал цели кон тоа да стане првиот тенисер во „Опен ерата“ што успеал да го освои секој грен слем турнир барем по два пати.

Доминик Тим во четири сета беше подобар од Тејлор Фриц со 6-2, 6-4, 6-7 и 6-4. Гаел Монфилс во три сета го совлада Ернест Гулбис, додека Андреј Рублев го елиминираше Давид Гофан со 3-1 (2-6, 7-6, 6-4, 7-6).

Стен Вавринка исто така се пласираше во осминафиналето, откако Џон Изнер се повлече во вториот сет поради повреда. Швајцарецот го доби првиот сет со 6-4, а во вториот водеше со 4-1, пред Американецот да го предаде мечот.

На женскиот дел од турнирот, елиминација доживеа втората носителка Каролина Плишкова од Анастасија Пављученкова. Чешката тенисерка ги загуби двата сета во тај-брејк, а во вториот пропушти два сет поени за да израмни на 1-1. Уште едно големо изненадување кај тенисерките беше и поразот на шестата носителка Белинда Бенчиќ и тоа од Анет Контавеит со 6-0 и 6-1.

Четвртата носителка Симона Халеп немаше проблеми против Јулија Пуницева и до триумфот дојде со 6-1 и 6-4. (Крај)

извор: Sport1.mk фото: архива