Унгарија на пенали до европското злато во ватерполо!

Будимпешта, 27. јануари 2020 (ИНПРЕС) –Унгарија по рекорден 13-ти пат ја освои европската титула во ватерполо, откако во меч со драматична завршница на пенали ја совлада Шпанија во Будимпешта, откако по регуларните четири четвртини беше 13:13.

Шпанците имаа подобар старт на мечот и ја освоија првата четвртија со 3:1, но Унгарците во втората четвртина направија пресврт и поведоа со 4:3, водство кое го имаа до крајот на мечот, пред Шпанците да успеат да израмнат. Во пенал серијата, Унгарија беше подобра со 5:4 за ново злато.

Шпанија направи огромно изненадување со полуфиналната победа над Хрватска, но третпат се задоволува само со сребрениот медал. Црна Гора претходно со 10:9 ја победи Хрватска за да го освои бронзениот медал. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива