Земјотресот кај Драч бил со јачина од 5. степени по Рихтер

Драч/Скопје, 28. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва, 28-ми јануари 2020 година, во 21 часот и 15 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 km југозападно од Скопје.

– Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува ML=5 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, особено од населението во Дебар и околината со интензитет од III до IV степени, според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија
при Природно-математичкиот факултет во Скопје.(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива