Претставата „Аналфабет“ вечерва на репертоарот на охридскиот театар

Охрид, 7. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Комедијата „Аналфабет“ вечерва е на репертоарот на Охридскиот народен театар.

Претставата е работена по текст на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Во главните улоги играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адријана Билаловиќ- Тодороска.

Фотографија на НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид.

Почетокот на претставата е во 20:00 часот, а влезниците се по цена од 200 денари.

Поради тоа што се користат пиротехнички средства, претставата не е за лица помлади од 14 години. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива