ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Дали ОО СДСМ од Дебрца го одобрува расипничкото работење на нивните кадри?

Белчишта, 8. февруари 2020 (ИНПРЕС) – И по три дена од објавувањето на кварталниот извештај за ЈКП „Дебрца“ каде се гледа како расипнички и недомаќински раководат со јавните установи кадрите на СДСМ се’ уште има молк, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца.

– Поради тоа уште еднаш ги прашуваме дали го оправдуваат и одобруваат ваквото недомаќинско и расипничко работење каде и покрај зголемувањето на цената на водата за цели 20% прават огромни загуби за непродуктивни трошења. Доколку не го оправдуваат ваквото работење зошто раководството на ОО на СДСМ од Дебрца не побара од градоначалникот Зоран Ногачески разрешување на нивниот директор кој лично тој го назначува за директор во ЈКП „Дебрца“ или ова е синоним за нивното (не)работење во партиципирањето на власта. П.С. Дебрца на прав пат во кафана – реагираат од партијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива