Оскар во бројки: Церемонијата чинела 44 милиони долари, поставување на црвениот тепих 900 работни часови

Лос Анџелес, 10. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Овогодинешното 92-ро доделување на Oскарите во Dolby театарот во Лос Анџелес чинело вкупно 44 милиони долари, се наведува на финансиската веб-страница WalletHub.

Се додава дека 24.700 долари биле потрошени само за црвениот тепих.

За поставување на црвениот тепих, површина повеќе од 1.500 метри квадратни, потребни биле 900 часови работа и тим од 18 лица.

Дел од тепихот ќе биде рециклиран, а дел ќе биде дониран во добротворна организација.

Во големата сала во Dolby театарот, поставени биле околу шест километри електрични кабли и околу два километри драперија за потребите на гала приемот по доделувањето на Оскарите. За поставување на драперија биле употребени околу 32.000 спојувалки. (Крај)

извор: Денар фото: архива