Ал Пачино за предавствата од најблиските: Кога паѓа дожд не се обвинуваме себе си, ги затвораме прозорците и чекаме да помине невремето

Лос Анџелес, 10. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Изјавите на познатиот глумец Ал Пачино се цитираат многу често, но она што го кажа за предавството од најблиските заслужува посебно внимание.

– Предавството е составен дел од животот. Родителите ги напуштаат децата, оние кои се колнеле на вечна љубов, преку ноќ стануваат рамнодушни, мажот ја остава сопругата… Сите овие ситуации се составен дел од животниот пат, вели глумецот.

Тој додава дека кога ќе не повреди некој, мора да запомниме дека тоа не се случило затоа што сме ние виновни или затоа што сме направиле нешто погрешно.

– Кога паѓа дожд не се обвинуваме себе си за тоа, туку ќе ги затвориме прозорците и ќе чекаме да помине невремето. Кога ова ќе го разберете, ќе развиете имунитет кон вакви работи и ќе сте многу посилни ментално. Луѓето премногу време поминуваат барајќи ја вината кај себе, а тоа не помага воопшто. Јас не трошам време на луѓето кои ме повредиле. Не се вртам наназад и не размислувам премногу за тие ситуации. Немам време да ги мразам тие што ме мразат, затоа што сум зафатен со оние кои ме сакаат, изјави Пачино. (Крај)

извор: ТМЗ фото: архива