Паѓаат цените на нафтените деривати

Скопје/Охрид, 10. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Ново намалување на цените на бензините и дизелот.

Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за половина денар и ќе се точат за 65,50 односно 57,50 денари. Еуросупер БС-98 поефтинува за еден денар и ќе се продава за 67,50 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 денари и ќе чини 46 денари за литар.

Се намалува и цената на мазутот М-1 НС и ќе се продава за 32,894ден/кг.

Овие цени ќе важат до следниот понеделник. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива