Сообраќајка кај селото Ботун, повредено едно лице

Охрид, 12. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Едно лице е потешко повредено во сообраќајната незгода која се случи вчера попладне на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ботун.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило марка „Мерцедес“ и товарно возило, и двете со странски регистарски ознаки.

Според првичните информации, во незгодата е повредено едно лице, кое по првичната интервенција во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, било пренесено на клиника во Скопје.

Од СВР Охрид најавуваат повеќе информации во текот на днешниот ден. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива