МВР: Во сообраќајката кај Ботун е повреден 74-годишниот Ш.Ш. од Охрид

Охрид, 12. февруари 2020 (ИНПРЕС) – На 11-ти февруари 2020 година, во 18:00 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Ботун и Климештани, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од страна на 74-годишниот Ш.Ш. од Охрид, товарно возило „Даф“ со приколка, со турски национални ознаки, управувано од 45-годишниот E.М. од Република Турција и патничко возило „Сеат алхамбра“, со австриски национални ознаки, управувано од 26-годишниот А.Л. од струшкото село Лабуништа. Во незгодата, возачот на „Мерцедесот“ Ш.Ш. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива