Филмот „Дедо и внук“ повторно се прикажува во Охрид

Охрид, 12. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Последните успеси на македонскиот филм ја враќаат публиката во кино салите.

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 12-ти и 13-ти февруари е повторно закажана проекција на филмот „Дедо и внук“.

Режисер на филмот е Илија Пиперкоски, продуцент е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, а монтажата ја направи Данчо Стефков.

Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и Наум Цветкоски.

Проекциите започнуваат во 20:00 часот, а билетите се продаваат по цена од 100 денари. Сите заинтересирани можат да резервираат билети на телефонот: 046/261-063. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива