„Гладијаторите“ ќе играат хуманитарно против „Беса Фамгас“ за помош на Сандра Ническа

Охрид, 12. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари денес ќе одиграат хуманитарен натпревар, со што активно ќе се приклучи во големата хуминатарна мисија за собирање на потребните средства за лекувањето на охриѓанката Сандра Ническа.

„Гладијаторите“ играат тест средба со косовскиот клуб „Беса Фамгас“. Влезот изнесува 50 денари, а сите средства ќе бидат уплатени на сметката на Сандра Ническа. Почетокот на натпреварот е во 18:00 часот.

„Гладијаторите“ ќе играат за помош на Сандра НическаНа 9-годишната Сандра ѝ е дијагностициран Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави.

Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин:

Број за донации на А1: 143470

200002729851107 MKD

банка: Стопанска банка АД Скопје

SWIFT CODE:STOBMK2X

IBAN: MK07200002729853241 EUR

beneficiary: Lenche Nicheska

адреса: село Коњско, Охрид

Дополнителни информации можат да се добијат на телефонот: ++0038978277256. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива