Вики клубот Охрид со обоени дланки во знак на поддршка на лицата со ретки болести

Охрид, 12. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Вики клуб Охрид и Ретки болести Охрид ја продолжуваат соработката.

Секој ден во месец февруари, како месец на ретките болести, преку Вики клуб Охрид се уредува по една статија за една ретка дијагноза на Википедија на македонски јазик. Покрај оваа активност, клубот се вклучи и во активност на боење на дланките кои симболизираат 5% на достапни лекови за ретките болести.

Image may contain: one or more people

Image may contain: 1 person, smiling

– Покрај дружењето, на членовите од клубот преку видео презентација им се доловија уште еднаш фактите и проблемите за ретките болести ширум земјата и светот. Од неодамна, Вики клуб Охрид стана официјален партнер и поддржувач на Светската организација за ретки болести. Се радувам што на еден ваков волонтерски начин барем малку придонесуваме во активностите на кампањата и секако продолжуваме и понатака со истото темпо, истакна Наташа Неданоска, координатор за образование на ГЛАМ Македонија во Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива