Беса Фамгас подобар од Охрид

Охрид, 13. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Со победа на Беса Фамгас од Косово со 23-22 над Охрид заврши вчерашниот контролен натпревар.

Најпрецизни во нашиот состав беа Бобан Блажески и Денис Тот.

Фотографија на ГРК Охрид.

Натпреварот меѓу Беса Фамгас и Охрид имаше хуманитарен карактер. Собраните средства во продажбата на билетите ќе бидат уплатени на сметката за помош во лекувањето на 9- годишната Сандра Ническа од Охрид, кај која е дијагностициран Миелодиспластичен синдром.

Двете екипи денес ќе одиграат уште еден контролен натпревар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид