Двајца охридски фудбалери дел од репрезентацијата У18 на контролните средби со Босна и Херцеговина

Охрид, 13. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос, браќата близнаци Симон и Славе Маркоски ќе бидат дел од македонската репрезентација до 18 години на контролните натпревари против Босна и Херцеговина.

Ваква одлука донесе селекторот Шкумбин Арслан.

Фотографија на ГФК Охрид Лихнидос.

Тест средбите со Босна и Херцеговина нашите репрезентативци ќе ги одиграат на 18-ти и 20-ти овој месец во Скопје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГФК Охрид Лихнидос