Нивото на Охридското Езеро денес на кота од 693,31 мнв

Охрид, 13. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму е под просекот за месец февруари.

Според денешните мерења езерото е на котата од 693,31 метри надморска височина што е за 10 сантиметри под просекот за февруари (693,41 мнв).  Температурата на езерската вода е 7.0 степени.

Значително под просекот за овој месец се и нивоата на реките Црн Дрим и Сатеска.

Фотографија на UHMR.

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 10. степени.

– Под влијание на влажен бран утре ќе има пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вечерните часови услови за повремен снег ќе има и на повисоките места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР