Светски ден на радиото – Супер радио веќе деветта година на врвот во регионот

Скопје, 13. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Под покровителство на УНЕСКО денес се одбележува деветтото издание на Светскиот ден на радиото, кое оваа година е во знакот на разноликоста.

Годинешните теми имаат за цел да го поттикнат плурализамот кај сите радио канали, да ги охрабрат редакциите да ангажираат лица од различни општествени групи, а разноликоста во уредувачката содржина и во програмите да го рефлектира диверзитетот на публиката.

Широкиот спектар на програми, гледишта и содржини преку кои ќе се отсликуваат ставовите и мислењата на различни групи граѓани, придонесува за општествена промена и е можност за обединување.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите радиостаници во земјава, им го честита Светскиот ден на радиото и ги повикува да дадат сопствен придонес во неговото одбележување.

No photo description available.

Охридското Супер радио минатата година наполна 27 години и останува препознатлив медиум по стилот на програмата, маркетинг сегментот, музиката, но и со комплетна забавна, информативна и спортска програма. Со просечен дневен досег од 8,96% (во пораст од скоро 2%) и неделен од 13,43%, Супер радио и во четвртиот квартал на 2019 година останува водечка во својот регион и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија. Супер радио е една од најстарите радио станици во државата и е на врвот на слушаноста од почетокот на објавувањето на официјалните рејтинзи на некогашниот Совет за радиодифузија на Република Македонија (сега АВМУ).

No photo description available.

Потврда за работата на радио станицата дојде и од локалната заедница, со доделувањето на Св. Климентовата повелба за досегашната успешна работа и придонес за градот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес