„Гладијаторите“ ја добија втората тест средба против Беса Фамгас

Охрид, 13. февруари 2020 (ИНПРЕС) – „Гладијаторите“ ја добија втората тест средба против косовски Беса Фамгас.

По вчерашниот тесен пораз со само еден гол, охридските ракометари денес го совладаа косовскиот клуб со 27-24.

Во периодот кој претстои охридските ракометари и натаму ќе се подоготвуваат за новите предизвици во пролетната полусезона на Супер лигата. Натпреварите започнуваат на крајот од овој месец.

Есенската полусезона во Супер лигата ја завршија со 12 победи, едно реми и еден пораз, со што успеаа да се пласираат на втората позиција на табелата со 37 бодови, само еден помалку од лидерот Металург. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид