Стартуваат 30-те најсреќни дена со Cleanex Professional

Охрид, 14. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Дамите го заслужуваат нашето внимание и поддршка во текот на целата година, а не само на неколкуте датуми кои се сметаат за „нивни“.

Токму затоа, помеѓу празникот на вљубените и Денот на дамите – охридската компанија Cleanex Professional организира 30 најсреќни дена.

– Времето поминато со најблиските е сепак најскапоцено. Токму затоа, наскоро започнуваме со акција за промоција на нашите услуги за чистење во Вашите домови, по цени кои едноставно нема да остават простор за размислување. Додека Вие поминувате квалитетно време со најблиските, пријателите или едноставно одвојувате време за себе, нашите екипи на неделно ниво или по договор ќе го средат до перфекција вашиот дом. Во овој месец, кој е посветен на љубовта, виното и дамите, а како најава за акцијата се одлучивме да доделиме многу награди, а најсреќниот ќе добие комплетно средување на домот и свечена вечера во соработка со нашите пријатели од Супер радио и Гостилницата „Мече“, порачуваат од Cleanex Professional.

Време е за многу награди на Супер радио: маички, чаши, ваучери со попуст, торбички и многу други подароци како најава за главната награда.

– Слушаме Супер радио секој петок од 12:00 до 16:00 часот и сме чекор поблиску до наградата. Помеѓу празникот на вљубените и Денот на дамите – 30 најсреќни дена со Cleanex Professional, додаваат од компанијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес