Роналдо со гол од пенал ги спаси Јуве од пораз кај Милан (видео)

Милано, 14. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Анте Ребиќ го постигна својот петти гол во шест меча во 2020 година за водство на Милан, но тоа беше недоволно – Јувентус успеа да израмни на 1:1 со гол на Кристијано Роналдо од пенал во 91. минута за да има мала предност пред вториот меч од полуфиналето во Копа Италија во Торино, каде што „росонерите“ ќе се без суспендираните Златан Ибрахимовиќ и Тео Ернандез.

Во второто полуфинале, завчера во првиот меч Наполи со 1:0 на гости го совлада Интер.

Милан имаше одличен (и агресивен) старт на мечот, со одлични шанси за Френк Кеси, Анте Ребиќ и за Златан Ибрахимовиќ, а иако Јуве имаше повеќе од поседот на топката, тие немаа посериозни шанси пред голот на домаќините.

Целиот текст овде

извор: Топспорт фото: архива