Федерер ќе игра на Ролан Гарос

Париз, 14. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Роџер Федерер решил да ги прескокне сите турнири на земјена подлога што му претходат на вториот грен-слем во сезоната, Ролан Гарос.

Слична одлука Швајцарецот донесе и во 2018 година, разликата е само што тогаш не настапи ниту на Отоврено првенство на Франција.

Федерер решил да игра на Ролан Гарос, но ќе ги пропушти мастерс турнирите во Монте Карло, Мадрид и Рим. Ова значи дека тој ќе назадува на АТП листата бидејќи минатата година во Мадрид и Рим стигна до четврт-финалето.

Швајварецот има 38 години и одлуката да го штеди своето тело е разбирлива.

Федерер неодамна на првиот грен-слем, Австралија опен, испадна во полу-финалето од Новак Ѓоковиќ. (Крај)

Целиот текст овде

извор: Топспорт фото: архива