НБА: Откриен изгледот на дресовите за претстојниот ол-стар – сè во знакот на Коби и Џиана

Чикаго, 14. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Традиционалниот ол-стар во најсилната кошаркарска лига во НБА ќе се одржи викендов во Чикаго, но по трагичната смрт на легендарниот Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана Марија, мечот на сите ѕвезди буквално ќе биде посветен на нив.

Американските медиуми веќе го открија изгледот на дресовите, а ќе се соочат тимовите на Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо. Леброн ќе ја носи двојката, бројот кој го носеше Џиана, а Гркот Јанис ќе игра со 24-ката, бројот на легендарниот Коби.

Вечерва на програмата е дуелот на младите надежи (Rising Stars) од Европа и САД. (Крај)

Целиот текст овде

извор: Sport1.mk фото: архива