Охриѓанката Сара Климоска наградена со „Златна рамка“ за филмски актер за 2019 година

Скопје, 17. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Охриѓанката Сара Климоска меѓу наградените на филмската ревија „Златна рамка“, што викендов се одржа во Скопје.

На второто издание на оваа манифестација Климоска ја освои наградата за филмски актер на годината. Наградата за филмски автор на годината е доделена на дизајнерот на звук Игор Поповски, а наградата за филмски работник ја доби асистент костимограф/гардеробер Ирена Јовчевска.

Фотографија на Златна рамка - Денови на македонски филм.

Целта на овој настан е домашната публика да добие можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските професионалци да разменат мислења и искуства за нивната работа.

Image result for сара климоска во врба

Сара Климоска имаше уште една успешна година зад себе, а најголем впечаток и позитивни критики кај публиката предизвика играјќи ја Донка, еден од трите главни женски ликови во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива