Поскапуваат бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 17. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Од полноќ, нови повисоки цени  на бензините и дизелот.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините и дизелот се зголемуваат за половина денар. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 ќе биде 68 денари. Еуродизел (Д-Е V) ќе се точи за 58,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 46,50 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,246 ден и ќе изнесува 33,140 денари за килограм.

Овие цени ќе важат до следниот понеделник. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива