Нивото на Охридското Езеро денес на кота од 693,32 мнв

Охрид, 17. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското езеро и натаму под просекот за февруари.

Според денешните мерења на УХМР водата е на кота од 693,32 м.н.в што е за 9 сантиметри под просекот за месецов (693,42 м.н.в).

Споредено со минатата недела езерското ниво се зголемило за два сантиметри. Температурата на езерската вода е 8 степени. Значително под месечниот просек се и нивоата на реките Црн Дрим и Сатеска.

Фотографија на UHMR.

Времето денес во Охрид е сончево и топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 13. степени.

– Во следните два дена ќе преовладува сончево и топло време со пораст на дневната температура. Во среда облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во четврток се очекуваат врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР