Филипче: Патниците од двата лета од Милано до Охрид и Скопје ќе бидат детално прегледани и по потреба тестирани

Скопје/Охрид, 24. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Патниците кои ќе доаѓаат од критичните региони во северна Италија ќе се пропуштаат само на пет гранични премини – Богородица, Блаце, Деве Баир, Табановце и Ќафасан.

Засилени контроли на граничните премини на патниците кои доаѓаат од критичните региони во северна Италија, обезбедување простор за изолација на патници во неколку медицински центи низ земјава и формирање кризен штаб во Министерството за здравство што ќе ги координира сите активности на надлежните институции…

Ова се дел од мерките за превенција од вирусот ковит 19, што се договорени на вечерашниот состанок на Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи. на кои беа разгледувани мерките за превенција од вирусот Ковит 19.

Министерот за здравство Венко Филипче, по состанокот, изјави дека патниците кои денеска со два лета од Милано пристигнуваат во Скопје и во Охрид ќе бидат детално инервјуирани, прегледани и по потреба тестирани.

Обезбедени се простории за изолација на патници кои треба да бидат мониторирани 14 дена. Во прво време тоа ќе бидат инфективните одделенија во Штип, Велес и Гостивар, кои ќе бидат обезбедувани од полицијата.

Филипче го повтори апелот да не се патува во критичните региони во Италија каде што е потврдено присуството на ковит 19. Утре Владата на седница ќе дискутира за одложување на сите организирани посети на Италија од страна на држаните институции.

Тој најави дека кризниот штаб во Министерството за здравство, кој ќе ги координира сите активности, секојдневно ќе одржува брифинзи за најновите информаци од теренот.

Филипче информира и дека тестовите на тројцата Кинези кои денеска пристигнаа во земјава се негативни, но за секој случај, тие иако веќе биле во 14 дневен карантин, ќе останат во изолација уште две недели под мониторинг на македонските здравствени власти. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива