Во Охрид денес сончево и релативно топло време со температура до 15. степени

Охрид, 25. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Денес ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 15. степени.

– До среда ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и топло преку денот. Ќе дува умерен до засилен ветер, денес од северен, а потоа од јужен правец. Под влијание на влажен бран во среда кон крајот на денот и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен западен и северозападен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: архива