Сообраќајка на булевар „Туристичка“, повреден велосипедист

Охрид, 25. февруари 2020 (ИНПРЕС) – На 24-ти февруари 2020 година, во 10:00 часот било пријавено дека на крстосница од булеварот „Туристичка“ и улицата „Јане Сандански“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која е повреден велосипедист.

– Инцидентот се случил помеѓу товарно моторно возило марка „Форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишниот С.С., товарно моторно возило „Пежо партнер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот Д.С. и велосипед управуван од 71-годишниот Т.П., сите од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива