Кичево прогласен за град на културата во 2020 година

Скопје, 25. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Врз основа на распишаниот конкурс на Министерството за култура, титулата Град на културата во 2020 година ќе ја има Кичево.

Општина Кичево изготви формулар за проекти од областа на културата што ги разгледа комисија. Општина аплицираше со 50-тина проекти од различни области на културата – литература, филм, театар, музика, фолклор, ликовна уметност, сценско-уметничка дејност, интердисциплинарни проекти и други помали проекти, објасни Михајло Петрески од Општина Кичево.

Тој додаде дека врз основа на пристигнатите проекти, Министерството за култура донесе решение со кое „Град на културата 2020“ го прогласи токму Кичево. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива