ГФК Охрид Лихнидос против Лабуништа ја отвора пролетната полусезона

Охрид, 25. февруари 2020 (ИНПРЕС) – ГФК Охрид Лихнидос в недела на 1-ви март ги започнува натпреварите во пролетната полусезона во Втората македонска лига.

За прв противник ја имаат екипат на Лабуништа. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Струга од 14:00 часот.

ГФК Охрид Лихнидос активно го помина зимскиот преоден рок и се засили со седум нови фудбалери, а во клубот се врати и фудбалската легенда Драган Бочески на позицијата тренер. Во подготвителниот период прокнижија четири победи, два порази и исто толку ремија.

По есенскиот дел од првенството во Втората лига – Запад, ГФК Охрид Лихнидос се наоѓа на деветтото, претпоследно место на табелата.

Клубот на чело со Бочески ќе има задача да го подобри впечатокот во пролетниот дел и да обезбедат опстанок во Втората лига. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива