Езерското ниво под просекот за февруари, но за една недела пораснало за 4 сантиметри

Охрид, 25. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското езеро и натаму под просекот за февруари.

Според денешните мерења на УХМР водата е на кота од 693,34 м.н.в што е за 8 сантиметри под просекот за месецов (693,41 м.н.в).

Споредено со минатата недела езерското ниво се зголемило за четири сантиметри. Температурата на езерската вода е 7,5 степени. Значително под месечниот просек се и нивоата на реките Црн Дрим и Сатеска.

Фотографија на UHMR.

Денес преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 15. степени.

– До утре ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и топло преку денот. Под влијание на влажен бран  кон крајот на утрешниот ден и во четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен западен и северозападен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР