НБА: Дебакл на Голден стејт, Оклахома се вратија од -19 (Видео)

Оклахома, 28. февруари 2020 (ИНПРЕС)  – Сакраменто Кингс не успеаја да победат во Оклахома иако имаа предност од 19 поени, Лејкерси за една четвртина ги декласираа Голден стејт Ворирос, Портланд го забележаа 34 пораз во сезоната, а Филаделфија без првите ѕвезди Џоел Ембид и Бен Симонс лесно се справи со Њујорк.

Оклахома Тандер направија голем пресврт, се вратија по негативата од 19 поени и ги совладаа Сакраменто Кингс со 112:108.

Данило Галинари постигна 24 поени, а Крис Пол забележа 17 поени и седум асистенции за Оклахома, додека кај Сакраменто Херисон Барнс постигна 21 поен, а Немања Бјелица имаше 18 поени и девет скока.

Оклахома имаат скор 37/22, а Сакраменто 24/34.

Целиот текст овде

извор: Топспорт фото: архива