Охрид меѓу градовите каде ќе се игра Женското Јуниорско Светско првенство во ракомет во 2024 година

Скопје, 28. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Светската ракометна федерација (ИХФ) денеска ѝ ја додели организацијата на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) на Женското Јуниорско Светско првенство во 2024 година.

– Тоа е најголемиот потфат досега, во поглед на масовност, затоа што ќе учествуваат 32 екипи и практично не е возможно да биде организирано само во еден град како што беше случај со кадетскиот Мундијал, одржан минатото лето во Скопје, јави порталот g-sport.mk.

Ракометната Федерација на Македонија ја подели организацијата во три градови, исто како што беше и на Мундијалот одржан во 2014. Првенството ќе се игра во Скопје, Охрид и Струмица. (Крај)

извор: g-sport.mk фото:архива