Неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан во Охрид

Охрид, 28. февруари 2020 (ИНПРЕС) – Охрид денес е домаќин на петтиот неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан.

Главната цел на состанокот е подготовка на заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан, справување со проблемите со кои се соочува Западен Балкан, преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји, во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година.

Image may contain: 6 people, people sitting, table and indoor

Директорот на Царинската управа на Република Македонија Ѓоко Танасоски во поздравното обраќање истакна некои од најзначајните резултати што се постигнати во рамки на овие состаноци:

– Отворен е заеднички граничен премин Табановце-Прешево, во завршна фаза се преговорите за отворање на заеднички граничен премин помеѓу Република Македонија и Албанија, обезбедено е поголемо разбирање и примена на концептот на Овластен економски оператор, обезбедена е поголема соработка помеѓу службите со цел да се обезбеди поголема безбедност и сигурност во прекуграничната трговија, спроведени се повеќе заеднички регионални акции, донесени се неколку одлуки во рамките на ЦЕФТА кои влијаат врз забрзувањето на протокот на стоки и патници, истакна Танасоски.

Image may contain: 2 people, people sitting

Тој дополна дека од овие состаноци се очекува да се исполнат обврските од повеќегодишниот Акционен план за Регионална економска област која опфаќа: елиминација на нетарифните бариери, поедноставување на инспекциите поврзани со сите постапки на дозвола, намалување на формалностите до можната максимална мерка, ефикасна размена на трговски податоци на регионално ниво и воведување/зајакнување на програми за взаемно признавање на гранични документи и процедури, вклучувајќи го и овластениот економски оператор.

Директорот Танасоски посочи дека како гранични регионални служби треба да останеме посветени на размената на податоци преку електронски инструменти и да воведеме заедничко управување со ризици согласно неодамна усвоената Регионална стратегија за заедничко управување со ризиците, како и акцискиот план од страна на ЦЕФТА. Секаде каде што има услови, да воведеме заеднички гранични контроли, контроли на едношалтерски систем и да споделуваме опрема за гранична контрола.

Image may contain: 3 people, people standing, suit and outdoor

Покрај директорите на Царински управи од Западен Балкан, на настанот присуствуваат и претставници на Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство и Британската Амбасада, како и претставниците на граничните инспекциски служби на фитосанитарната и ветеринарната контрола на Албанија, Србија и Република Македонија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива